Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

Aндоновски: Oбјавен е првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелегенција, сајбер бездност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелегенција, сајбер бездност и дигитални вештини. И македонските претприемачи можат да конкурираат за дел од средствата кои ги обезбеди Европската комисија, за вложување во дигитална трансформација, напредни технологии и општествен развој.

Повикот го објави министерот за дигитална трансформација, Андоновски, кој објасни дека ова е одлична можност за домашните фирми да добијат дел од овој пакет.

„Ориентацијата на Владата е да го поддржи, поттикне и мотивира приватниот сектор и академската заедница да вложува во иновации, технолошки развој, дигитална трансформација, напредни технологии и севкупен општествен развој“, изјави Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.

Реклама

Повикот кој се однесува на дигиталните иновациски хабови, односно дигитални центри, е веќе отворен за пријавување од трети април, а крајниот рок е 14 мај. Целта на овој повик е засилување на европската мрежа на дигитални хабови на сите земји членки на Европската унија, обезбедувајќи целосна регионална покриеност.

„Иницијативата има за цел да ја подобри ефикасноста и капацитетот на едиховите, за задоволување на потребите од дигитална трансформација, со посебен фокус на развој и употреба на технологии и апликации за употреба на вештачката интелегенција“, изјави Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација..

Избраните дигитални центри, ќе мора да обезбедат специјализирани услуги за дигитална трансформација за малите и средни претпријатија и јавни институции, вклучувајќи обезбедување обука и развој на вештини, поддршка за преквалификација и усовршување на работната сила во дигиталните технологии. Нивното финансирање половично ќе биде обезбедено од средствата од програмата за Дигитална Европа, додека останатите 50% ќе треба да ги обезбедат преку одржливи извори на кофинансирање.