Реклама
Македонија

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор

Сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за отпорноста на државата и функционалноста на економијата, порачува министерот за дигитализација Стефан Андоновски.

Во обраќање на бизнис-конференцијата за сајбер безбедност, во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура, Андоновски нагласи дека со законските измени усогласени со европските правила, за првпат се поставуваат јасни линии на одговорност, дефинирано управување со сајбер ризик и се воспоставува рамка за координирано делување во приватниот и во државниот сектор.