Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Андоновски на отворањето на првиот Туристичко-информативен центар во Делчево

Во Делчево денеска официјално беше пуштен во употреба првиот Туристичко-информативен центар, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево денеска официјално беше пуштен во употреба првиот Туристичко-информативен центар, на чие отворање присуствуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Преку центарот граѓаните и посетителите ќе може на едно место да добијат информации за сите културни, историски и природни локалитети, како и за туристичката понуда и настаните во градот.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски нагласи дека целта е сите електронски и јавни услуги да им се доближат на граѓаните во сите региони.

– По отворањето на Центарот за услуги, кој веќе нуди стотици услуги за граѓаните од регионот, денеска со задоволство присуствувам на отворањето и на Туристичко-информативниот центар, кој е поддржан со наша опрема. Се надевам дека ќе им служи на граѓаните, но уште повеќе на туристите да се информираат за сите знаменитости и туристички потенцијали што ги нуди овој регион – истакна Андоновски.

Реклама

Додаде дека соработката продолжува, а како следна активност го најави „Карванот за услуги“.

– Карванот ќе ги посети руралните средини за да им овозможи на граѓаните полесен пристап до електронските услуги и вадење основни документи – додаде Министерот.

Градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека оваа иницијатива е резултат на заедничка соработка и поддршка.

– Голема чест и задоволство е што денеска го пуштаме во употреба првиот Информативен центар во Делчево. Оваа идеја се роди уште пред локалните избори кога ја добивме опремата што беше основа за изградбата на овој центар. Општина Делчево помогна во неговата доразработка, а Центарот за култура со своите вработени ќе придонесе за ширење на оваа приказна. По Центарот за услуги, пуштаме уште еден значаен објект, каде што ќе можеме да црпиме идеи за развој на туризмот,- изјави Гоцевски.

Директорот на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начовски, порача дека новиот центар претставува значаен чекор за промоција на културното и историското наследство.

– Денес имам особено задоволство да го отвориме првиот Туристичко-културен центар во Делчево, идеја што ја реализиравме во соработка со Општина Делчево и Министерството за дигитална трансформација. Ова ќе биде место каде што секој посетител и граѓанин ќе има можност на едно место да ги добие сите информации за културните, историските и природните локалитети и настани. За нашата институција ова е значајно продолжение на нашата определба да ја доближиме културата до сите – изјави Начовски.

За време на настанот беше истакнато дека проектот е реализиран преку донација во опрема од ресорното министерство и дополнителни општински средства за брендирање и опремување на објектот.

Со ова Делчево добива современа точка за промоција на Источниот Регион, а меѓуопштинската соработка меѓу Делчево, Пехчево, Берово и Македонска Каменица продолжува преку нови иницијативи за подобрување на условите во културата и младинските политики.