Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: На 12 јуни започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“

– Во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“ на 12 јуни годинава ќе се одржи состанок помеѓу министрите од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, со што започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно, каде ќе се дискутираат главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеноста на секоја земја.  Министерот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“ на 12 јуни годинава ќе се одржи состанок помеѓу министрите од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, со што започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно, каде ќе се дискутираат главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеноста на секоја земја. 

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека иницијативата „Роаминг како дома“ претставува еден од највидливите придобивките од пристапувањето кон Европската Унија, затоа што директно влијае врз граѓаните и компаниите, особено оние коишто патуваат во Европската унија – со помали трошоци за мобилна телефонија, СМС пораки и мобилен интернет. 

– Позитивно е дека преговараме секоја држава за себе, што значи дека колку побрзо ќе ги исполниме условите и побрзо ќе тече процесот, толку побрзо и ќе го завршиме. Очекувам во текот на оваа година да завршат преговорите, да го утврдиме текстот на договорот, тој да помине на владина седница и да биде ратификуван со Собранието и да бидеме подготвени први да го започнеме овој процес од Западен Балкан. Мојата искрена надеж е дека тоа ќе биде јануари 2027 година – изјави Андоновски. 

Реклама

Овој процес за граѓаните и компаниите значи намалување или укинување на дополнителните трошоци при патување и комуникација со земјите од Европската Унија. Со ова, како што појасни Андоновски, граѓаните по истите цени кои што ги плаќаат пакетите за користење на мобилни услуги, повици, СМС пораки и интернет во државата ќе можат да ги користат и погодностите при патување во Европската Унија, и спротивно граѓаните од ЕУ кога ќе дојдат во Македонија ќе можат да ги користат своите пакети по исти услови. 

-Од наша страна клучниот дел од подготовката е завршен. Регулаторниот пакет, со измените на Законот за електронски комуникации и дополнителните измени на подзаконските акти се подготвени. Законот е утврден на седница на Влада и испратен на мислење во Европската Комисија. Станува збор за четири регулативи и директиви, и директивата  КОД, кои што се применети и очекуваме да добиеме повратен одговор по почетокот на преговорите – изјави Андоновски. 

Министерството за дигитална трансформација, како што беше посочено на денешниот брифинг, подготвено го очекува почетокот на овој процес, укажувајќи дека веќе е формиран преговарачки тим составен од претставници на повеќе надлежни институции.

– Советот на Европската Унија на 4 јуни го одобри отпочнувањето на преговори со земјите од Западен Балкан, а следниот чекор е секторски преговори со секоја од земјите поединечно, што ќе започнат со првиот состанок на министрите за телекомуникации од Западен Балкан на 12 јуни со Европската Комисија и потоа очекуваме да ни бидат предложени кои се основните параметри на преговарачката рамка, како таа ќе изгледа, кој е процесот и роковите и веднаш потоа ќе започнеме од наша страна со преговори – појасни Андоновски.  

Европскиот електронски комуникациски кодекс претставува еден од клучните правни акти кои се дел од европското законодавство поврзано со „Роаминг како дома“, а неговото транспонирање е важен предуслов за понатамошно приклучување кон европскиот режим за роаминг.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: