Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Американскиот федерален судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска оствари средба со Пол Бајрон,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida).

По средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со судиите на Уставниот суд, на која се разговараше за актуелни прашања и предизвици со кои се соочува уставното судство, како и за улогата на судовите во заштитата на уставноста и човековите права и градењето доверба кај граѓаните.

Костадиновски го информира судијата Бајрон за процесот на унапредување на транспарентноста на Уставниот суд, особено за воведувањето директни преноси на седниците на судот, со што граѓаните имаат можност непосредно да ги следат работата, дискусиите и аргументите на судиите.

Реклама

Претседателот на Уставниот суд посочи дека довербата во судството не може да се разгледува како одговорност единствено на судската власт.

– Овој состав на Уставниот суд, почнувајќи од 1 септември 2024 година, направи сериозни реформи во функционирањето на судот, со посебен фокус на транспарентноста и ефикасноста на постапките. Довербата се гради со храбри и бескомпромисни одлуки, отвореност, но за довербата во судството не може да биде одговорно само судството. Многупати во мои јавни излагања сум го посочил овој факт, одговорноста мора да ја споделуваат властите. Ако судството има 2 отсто доверба и тоа е состојба што трае со децении, каде биле тогаш другите две власти? На годишен одмор? Така што, не би се согласил дека има ниска доверба во судството, тоа е пресликано кон целиот државен апарат и за тоа се потребни револуционерни решенија и храброст – истакна Костадиновски.

На средбата, што се одржа во Уставниот суд,беа разменети искуства и за притисоците со кои се соочуваат судиите во разни демократски системи. Судијата Бајрон го поздрави воведувањето на директните преноси на седниците на Уставниот суд оценувајќи ја транспарентноста како една од клучните алатки за градење доверба кај јавноста.

– Една од најмоќните алатки е транспарентноста како одговор на сите напади и притисоци. Да бидеме јасни и подготвени на јавноста да ѝ објасниме што сме одлучиле. Со емитувањето во живо на дискусиите имате одлична алатка во рацете на граѓаните да им покажете колку сте подготвени за седниците и да имате јасни и добро аргументирани образложенија. На тој начин граѓаните може директно да ве видат и слушнат и да разберат за што се залагате. Нема поголема придобивка од довербата на граѓаните – истакна Бајрон.

На средбите присуствуваа сите судии на Уставниот суд, како и претставници на Амбасадата на САД – Стив Мајгрант, федерален обвинител од Портланд, Орегон, и Каролајн Баденхаген, директорка на Канцеларијата за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL) во Амбасадата на САД.

Судијата Пол Бајрон е федерален окружен судија во Средниот округ на Флорида, со седиште во Орландо.  Во 2001 година бил избран да работи како обвинител во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, работел во Министерството за правда во Меѓународниот оддел на Единицата за одземање имот и перење пари како експерт за банкарски надзор и спречување финансирање тероризам. Во 2005 година судијата Бајрон станал партнер во адвокатска канцеларија специјализирана за спорови поврзани со одговорност за производи и штети предизвикани од изложеност на токсични материи.