Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Амбасадорката на Кина Ксијаојан во посета на Виница

Амбасадорката на Народна Република Кина г-ѓа Џијанг Ксијаојан, денеска ја посети Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорката на Народна Република Кина г-ѓа Џијанг Ксијаојан, денеска ја посети Општина Виница, при  што оствари средба со градоначалникот, Митко Костадиновски и истовремено посети установи од образованието и културата.

На средбата најпрвин се разговараше за реализирани проекти поддржани од Кина кои имаат оставено значаен белег во  Општината.

Во рамки на посетата, амбасадорката кратко престојуваше и во ООУ „Славчо Стојменски“, каде беше пречекана од учениците, наставниот кадар и стручната служба на училиштето.

Реклама

На агендата беше и посетата на Музеј „Теракота“ – Виница, каде преку презентацијата на директорката Сара Даневска, амбасадорката Ксијаојан имаше можност поблиску да се запознае со богатото културно наследство на Виница, уникатните теракотни икони и значењето на археолошките откритија за историјата на Македонија.

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, амбасадорката ја посети и ТППЕ Виница, оддавајќи признание за пожртвуваноста и посветеноста на пожарникарите во заштитата на граѓаните и нивните животи.

-Посетата беше заокружена со работен состанок во Развојниот центар „Прогресив Академија“, каде заедно со генералниот директор на „Макпрогрес“ Александар  Цветанов, извршниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов и директорката на  Академијата Александра Кирилова, разговаравме за можностите за понатамошен развој, поддршка на младите и создавање нови перспективи за локалниот економски и образовен развој, се наведува во соопштението на Општина Виница, во кое е цитиран градоначалникот Костадиновски.