Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Алиу се сретна со амбасадорката Дрекслер: Со Германија имаме традиционално успешна соработка, посебна благодарност за поддршката во лекувањето на повредените од Кочани

Министерот за здравство Азир Алиу одржа работна средба со амбасадорката на Сојузна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу одржа работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, на која беше реафирмирана одличната соработка меѓу двете земји и континуираната поддршка на здравствениот систем, соопшти Министерството за здравство.
 
-Со Сојузна Република Германија и со амбасадорката Дрекслер имаме традиционално успешна соработка, а во оваа прилика посебно ја истакнав исклучителната поддршка за лекувањето на повредените во големата трагедија во Кочани. На заедничката средба разговаравме и за петте столба на кои ги базираме реформите во здравствениот сектор, со посебен фокус на дигитализацијата и искуствата на странските земји во овој сегмент, истакна министерот Алиу.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со заеднички меморандум и формирање работни групи меѓу министерствата за здравство од двете држави, се наведува во соопштението.