Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ги посетија новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово.
За таа цел, од Институтот се инвестирани околу 8,3 милиони денари во новите просторни капацитети. Регионалниот центар за трансфузија во Тетово, како составен дел на Институтот, опфаќа и три помали центри: во Гостивар, Кичево и Струга.
