Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Алиу: По завршување на лабораториската анализа, ќе дадеме подетаљни информации за вработените во РЕК „Битола“

Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, каде што се пожалиле на симптоми на труење, ќе излезат со подетаљни информации.

– ДЗСИ веќе беше на терен. Знаете дека процедурата трае 48 часа. Кога ќе заврши лабораториската анализа, ќе излеземе со информации – рече Алиу на денешната прес-конференција.

Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби, на кои завчера се пожалија 100-ина вработени во комбинатот. Тие тегобите ги пријавиле по јаделе лазањи со сос во мензата на комбинатот. Битолското Основно јавно обвинителство соопшти дека ги координира дејствата за целосно испитување на сомненијата за труење со храна во РЕК „Битола“. Дека ОЈО Битола е известено за случајот, информираа од Јавното обвинителството.

Реклама

– Во однос на сомненијата за труење со храна во РЕК „Битола“, Основното јавно обвинителство Битола е известено и ги координира дејствата за целосно испитување на настанот – посочија од Јавното обвинителството.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје – Битола и Институтот за јавно здравје – Скопје, по пријавата на случајот, извршиле вонреден инспекциски надзор во кујната на РЕК „Битола“, од каде што зеле мостри од храна и брисеви од работните површини, како и од вработените во кујната.

Како што соопштија од АХВ, кујната на операторот со храна што го опслужува комбинатот е привремено затворена, односно дадена е забрана за вршење дејност подготовка и послужување храна сè до завршување на инспекциската постапка и добивањето уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.

– Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица – потенцираа од АХВ.

Со кујната во РЕК „Битола“ управува хотелот „Молика“, од каде што посочија дека станува збор за изолиран случај бидејќи секојдневно од кујната на хотелот за работниците во комбинатот се испорачуваат речиси 1.600 порции храна, а здравствен проблем е регистриран само кај одредена група работници.