Пацинети пред операција биле враќани дома поради наводно лоша крвна слика, а на нивно место хирурзи оперирале други луѓе. Вработени доктори и медицински сестри во клиниките и болниците на закажани термини не се појавувале на работа. Министерот за здравство Азир Алиу на брифинг со новинарите, неофицијално откри низа злоупотреби во здравствениот систем. Тој добил бројни поплаки од пациенти кои се жалеле дека морале да прават дополнителни приватни анализи за да се докаже дека имале поитреба од операции. Алиу најави чешлање и на Мој термин, бидејќи се утврдило дека во списоците имало и починати луѓе.
„Оди пациентот да се оперира го враќаат назад да направи нова крна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра“, вели министерот и додава дека е на добар пат да се среди проблемот со листите на чекање за операција.
Проблемот со нередовност на работните места, Алиу че го решава со системот за отпечаток со прст кој ќе биде задолжителен за цел персонал. Овој систем веќе функционирал во министерството, но и во некои од клиниките.

„Мора да се реши административно, веќе е воспоставен системот на отисоци од прст, бидејќи законски и по договор докторите и медицинскиот персонал треба да бидат на работното место и со тоа да знаеме дека се на работа“, вели Алиу.
Алиу најави дека ќе се олеснуваат протоколите за добивање на туѓа нега. Луѓето со траен инвалидитет – нема да мораат да се појавуваат на секои шест месеци на лекарска Комисија, како што тоа беше пракса изминатите години.
Во однос на новиот Клинички центар, министерот е дециден дека на Македонија потребен и е нов модерен здравствен комплекс.Според него локацијата кај базенот Борис Трајковски што ќе се поврзе со ГОБ 8-ми септември е одличен избор и се надева дека со изградба на овој објект, ќе има позадоволни пацинети но и вработени во здравството.
