Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Алиу: Целосниот извештај на странската комисија со медицинската документација на пациентите не може да се објави за да се спречи нивна индиректна идентификација

Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските податоци на пациентот мора да се чуваат во тајност во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Поради тоа, пристапот до целосниот извештај не може да биде овозможен во форма што би содржела податоци од медицинската документација на пациентите – изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Во вакви случаи, посочи министерот, не е доволно само технички да се затемнат името и презимето затоа што преку комбинација на дијагнози, датуми, установи, тип на интервенција, клинички тек и други медицински детали може да се дојде до индиректна идентификација на пациентите.

На прашање дали деветте случаи се истите оние што ги потврди и интерната комисија, тој истакна дека станува збор за истата група од 13 предмети што беа издвоени по стручната анализа на интерната комисија и доставени на дополнителен независен увид до странските експерти.

Реклама

– Странската комисија направи сопствена, независна анализа на доставената медицинска документација и кај девет од тие 13 предмети утврди сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и несоодветна индикација за ендоваскуларни или хируршки процедури. Затоа беше соопштено дека наодите на странската комисија во значаен дел се поклопуваат со наодите на домашната интерна комисија, но секоја комисија работеше самостојно и независно – вели Алиу.

Во врска со тоа зошто се инсистира дека случаите се сомнителни кога и двете комисии утврдиле дека интервенциите биле непотребни, тој потенцира дека Министерството за здравство не смее да носи правни квалификации. Според него, нивна обврска е да ги соопштат стручните наоди, да ги достават до надлежните институции и да преземат системски мерки за да се спречи повторување.

Прашан во однос на евентуално ново вештачење од Јавното обвинителство, кога веќе има потврдени наоди од домашната и од странската комисија, тој истакнува дека Министерството за здравство не најави ново вештачење од Јавното обвинителство, ниту може да најавува процесни дејства во име на друга институција.

– Тоа што беше соопштено е дека наодите од домашната и странската стручна комисија ќе бидат доставени до надлежните институции, вклучително и до Јавното обвинителство. Наодите на двете комисии претставуваат стручна основа и затоа Министерството ќе постапи институционално и одговорно. Но, евентуалните наредни чекори, вклучително и дали ќе се бара дополнително вештачење, се во надлежност на Јавното обвинителство, а не на Министерството за здравство – додаде Алиу.