Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Алфа сторија за 28-годишниот овчар Бајрам Омер, единствен во селото лакавица: Наместо да создавам, јас распродавам

Наместо да создавам, јас распродавам…вака пред камерата на Алфа  ја раскажува својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да создавам, јас распродавам…вака пред камерата на Алфа  ја раскажува својата животна приказна сточарот Бајрам Омер од штипското село Лaкавица. Овој дваесет и осумгодишен маж, заедно со својата сопруга  кои се родители на три деца, се единствените  во селото кои одгледуваат овци.

   „Единствен сточар сум овде. Иако сум млад, ама и јас повеќе не можам. Ме болат рацете од молзење. Планирам оваа година да го намалам стадото. Лани имавме над 400, а сега сакам да го намалам на 250. Ќе видеме, а фармата ја направиввме 1200квадрати, за 1000овци да има . Никогаш нема да направам стадото да биде толку големо, за џабе правевме„ изјави сточарот Бајрам Омер .

Годишно семејството Омер произведува 15 до 17тони литри млеко и 7 до 9,5тони килограми месо, жива мера.  Според него само трговците имат ќар, бидејќи во моментот јагнешкото во продавниците го достигна плафанот .

Реклама

„ Спрема месарите, откупната цена на месото требаше да биде 450денари за килограм жива мера, штом  во продавниците се продава по 800, а ние го продадовме максимум за 240 ден. Според ова во продавница би требало да биде околу 500денари да биде јагнето“ изјави Омер.

 Омер е регистриран млад земјоделец, но освен редовните субвенции  и поддржка  за набавка на трактор нема добиено друга помош.  Вели, државата треба да создаде услови  за развивање и модернизирање на сточарството, во спротивно бројот на стада ќе продолжи да се намалува.  

   „Систем да има за молзење државата да ни помогне, оти тоа чини од  30.000до 40.000евра. Јас лани сакав да купам, ама не е исплатливо.Тие 40.000евра за да ги спечалам мора 5години да работам, само за машините ќе треба да работам, за системот за молзење„ изјави Омер.

Иако стадото го наследил од својот татко, единствено што ги советува  децаta е да не бидат сточари како него. Ако продолжи вака, во план е да ги продаде сите овци и тој како и многу други со семејството да се исели во Германија.

Според податоците на Државниот завод за статистика вкупниот број на овци минатата година  е 587.073 и во споредба со 2022 бележи пад од 9.2%

Александра Ристевска