Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Алфа сторија: Браќата Маневи го демнатираат домот за стари лица „Св.Јован“: Терапијата за нашиот татко ја носевме редовно

Нехумано и неетички е тврдењето на надлежните од домот за стари лица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нехумано и неетички е тврдењето на надлежните од домот за стари лица „Св.Јован„ во Струмица, дека раните по телото се резултат на ненавремено носење на терапијата за Паркинсонова болест, револтирано објаснува  синот на 72годишниот Стево, кој по престојот во домот, сега се лекува од декубитните рани . Горан Манев, кој вчера јавно проговори за агонијата со кој се соочува неговиот татко и понатаму останува на ставот, дека терапијата ја носеле редовно, а причината е негрижата и лошата хигиена..

   „Крајно сум револтиран на изјавата од домот дека апчињата за татко ми не сме ја доставувале навреме. Станува збор за лекови за Паркинсонова болест, а не за декубитни рани. Раните не ги е добил бидејќи навреме не сме ги доставувале, туку се добиваат од нехигиена и негрижа на мојот татко„ вели Горан Манев.

Дека има недостатоци во старскиот дом Св.Јован, лани во март  утврдиле и инспектори од Министерството за труд и социјална политика. Им било дадено рок во максимум од два месеци да обезбедат соодветен број на сестри, геренто домаќини, технички персонал кои ќе се грижи за санитарно-хигиенски услови во објектот, бројот на кревети да биде во рамки на дозволениот максим и да постават сигнални уреди за корисниците. Но од она што може да се види на интернет страната  на Министерството за труд и социјална политика,  оваа година во февруари инспекторите, повторно чешлале и утврдиле дека директорката на домот во целост не постапила по претходното решение, по што е изречена опомена во делот на кадарот и бројот на кревети. Дали ги отстраниле недостатоците, од домот не сакаа да  коментират, со образложение дека сите  информации може да ги добиеме доколку отидеме во нивната институција.

Реклама

  Но синот на Стево, Горан, се сомнева дека  освен за инспекторите од ресорното министерство, во домот работа би имало и за финансова полиција..

  „Тие не сакаа да им ги пуштам на сметка, парите ги сакаа во кеш . ги носевме парите 650евра месечно на каса прими, ни фискална ни ништо„ вели Горан.

72годишниот маж во Домот за стари лица Св.Јован, бил сместен од септември минатата година до почеткот на јуни годинава. Семејството се сомнева дека во целиот овој период му е пружена соодветната нега, бидејќи за да го видат требало ден претходно да се најават, а собата во која престојувал ја виделе  само еднаш, пред да го сместат. Оттогаш сите средби се одвивале во трепезарскиот дел. 

Александра Ристевска