Градски воз, трамвај на тркала. Граѓаните со нетрпение го очекуваат стартот на двата капитални проекти кои ги подготвува Градот Скопје со поддршка од Владата. Модерното решение кое треба да донесе организиран градски превоз стартува на 1 септември со линијата за градски воз од Миладиновци до Скопје. Ова ќе биде само една, од планираните три линии низ кои ќе сообраќа градскиот воз. Првата ќе појде од Миладонвци и ќе стаса до Транспортен центар за дваесетина минути. Оваа делници е завршена веќе во над 90 проценти и останува летово да се досреди.
Сега се возиме со градскиот воз кој што е дел од коплекнсото трајно решение. Ова е дел од рутата која треба да дојде од источната страна на градот.
Покрај оваа рута, предвидени се уште две други кои ќе го поврзат Волково со централното градско подрачје и втората од Зелениково до транспортниот центар. За овие две рути допрва се прават анализи и се очекува следната година да почне да се средуваат линиите.

„Овој проект има за цел да воспостави подобра комуникација на градскиот и приградскиот превоз за подобра комуникација со општините, и да ги поттикнеме граѓаните да се вратат да го користат јавниот превоз, изјави“ Ивана Биковска, помошен директор за пруги при МЖИнфраструктура
Превозните средства, возовите се обврска ма МЖ Транспорт.
„18 пара возови треба да бидат на една траса, а тоа се некаде 54 воза на сите три траси“, додаде Горанчо Јовановски, директор на патен транспорт.
Паралелно со градскиот воз, се подготвува и проектот БРТ или трамвајот на тркала. БРТ ќе сообраќа по крајната лева линија од коловозните ленти на булеварите, а останатите две ленти ќе се намалат во ширина, од 3,5 метри на 3 метри. На ваков начин ќе се обезбеди простор за постоките на БРТ кои ќе бидат поставени кај средишното зеленило, а ќе остане и страничното зеленило. Една од линиите на БРТ е предвидено да појде од Ѓорче Петров и да заврши во Лисиче, а другата од Бутел до Кисела Вода.
Се наоѓаме во Лисиче каде што треба да биде последната постојка на БРТ. Токму зад мене се наоѓа рајскиот парк место кое што жителите од Аеродром и Лисиче бараат да не корнат дрвајата за да се гради депото. Тие предлагаат десно од мене да продолжи БРТ транспортот и тој да оди Јурумлери. Со тоа ќе се направи уште подолга траса на БРТ. Ќе се забрза превозот на граѓаните од Градот Скопје каде што и приградските населби и селата ќе се поврзат со брз и ефикасен транспорт.
Но доколку пак нема средства за продолжување на трасата, тие се согласуваат и во Лисиче да биде последната постојка, но даваат идеја, како да се заштити реонскиот парк.
Наместо да се компензира паркот, ја имаме идеалната површина од спротивната страна има државно земјшите со површина од над 7 хектари и сосема доволно да се изгради постојката само би било на другата страна булеварот, изјави Дабиел Самарџиев, жител на Аеродром и граѓански активист.
Експертите и граѓанските организации го поддржуваат зеленото решение и предлагаат подобра конекција од густо населените места до постојките на градскиот воз со мини буси или комбиња.
„Моментално железничките станици се руинирани, тешко достапни за велосипеди но и даелку од густо населените места. Треба да има координација со ЈСП за некои линии со минубси да ги носат патниците од главните автобуските станици до железничките“, додаде Дарко Арсовски Петровски“ , од НВО ГО ГРЕЕН
Експертите се надеваат дека и двата проекта ќе вродат со плод и конечно ќе бидат завршени, бидејќи според нив ваквото сообрајќајно решение е повеќе од потребно за главниот град.
