Реклама

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Македонија

Алфа ексклузивно: Кривична пријава против Јанева и целото СЈО поради солените хонорари

Дали покрај Катица Јанева и другите обвинители од СЈО, ќе завршат како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали покрај Катица Јанева и другите обвинители од СЈО, ќе завршат како обвинети во судските клупи? Група граѓани бараат Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, да испита како биле исплатувани енормните хонорари, кои покрај платата ги добиваа сите вработени во Обвинителството на Јанева. Ова се бара во кривичната пријава до која дојде Алфа, а покрај шефицата опфатени е и целиот состав СЈО.

-Покрај платите по систематизација вовеле и систем за награди на сите обвинители почнувајќи од првопријавената, а заради чување на информациите до кои доаѓале извршувајќи службена задача и молчење за истите пред трети лица, кои средства им се исплаќале месечно и изнесувале 80 проценти од нивните плати, па на тој начин си таква исплата првопријавената Катица Јанева го оштетила буџетот на државата со над 150.000 евра, а останатите со сума која поединечно ќе се утврди за секој од нив од почетокот на примањето на средствата па се до денот кога престанале да ги примаат, се вели во кривичната.

Најмногу од бонусите во СЈО се офајди Јанева. Таа самата си дала 157 илјади евра. Но и другите ќариле на име бонус. 107 илјади евра завршиле во џебот на Елизабета Јосифовска. 94 илјади евра си земала Лиле Стефанова, а 90 илјади Бурим Рустеми. Сите други земале помалку од 90 илјади евра, но и тие добро се офајдиле. Во кривичната пријава се бара додека Обвинителството истражува, на обвинителите од СЈО, да им се забрани да ја вршат својата работа, но и да завршат во притвор.

Реклама

-Да се забрани на сите пријавени да извршуваат било какви службени дејствија и да се забрани располагање со нивниот имот и имотот на членовите на семејството. Веднаш да се изрече наредба за мерка на безбедност- притвор за сите пријавени, се бара во кривичната пријава.

Од Обвинителството за Алфа потврдуваат дека била поднесена кривична пријава, која била распределена на постапување кај јавен обвинител.

Не само обвинителите, на име бонуси од СЈО ќариле и другите вработени, а солени суми на име хонорари добиле и надворешни соработници. Со потпис на Јанева, пари добиле и Примислав Димовски, Сашо Орданоски, поранешниот директор на БЈБ, Лазо Велковски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми. Пари добиваа и синови и ќерки на функционери од власта и судии.

Матеја Петровски