Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Алфа ексклузивно: Кои се новите началнички позиции што ќе ги назначи Чулев?

Министерот за внатрешни работи на техничката влада Наќе Чулев одлучи кои началнички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи на техничката влада Наќе Чулев одлучи кои началнички позиции ќе бидат сменети во неговиот мандат до одржување на изборите. Законот дозволува Чулев да направи 15 нови назначувања на челни позиции на сектори, оддели и единици, за кои решенијата се веќе изготвени. Според информациите на Алфа, нови началници ќе има во секторите за внатрешни работи на Скопје, Велес, Битола, Струмица, Штип и Охрид. Нов началник Чулев ќе назначи и на Одделот за организиран и сериозен криминал, Внатрешната контрола,  на Одделот за специјални полициски операции, како и на Единицата за интервентна полиција и Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Според законот за техничка влада, сега актуелните началници ќе станат заменски на новоназначените, а потписите  ќе им бидат врзани односно одлуки нема да можат да носат без взаемна согласност.

Законот дозволува министерот Чулев  да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсот од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Реклама

Чулев на министерската позиција е од вчера, тој најави и ревизија на сите нови решенија што неговиот претходник набрзина и во голем број ги додели пред изборот на новата техничка влада.

Катерина Гетева