Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Aлфа дознава: ФИТР делел милиони на приватни здравствени ординации во периодот на министерувањето на Венко Филипче

Се шири кругот на фирми коишто цицале од државниот буџет преку Фондот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се шири кругот на фирми коишто цицале од државниот буџет преку Фондот за иновации и набавувале медицинска опрема за време на Ковид пандемијата, дознава Алфа од свои информации. Станува збор за здравствени приватни ординации коишто се опремувале со медицинска опрема во период кога Македoнија се соочуваше со криза, а на чело на Министерството за здравство беше Венко Филипче. Се истражува на кој начин овие ординации добивале пари и дали го прекршиле Законот за иновациска дејност.

Засега не се знае за колку ординации станува збор и колку пари земале од Фондот.

Според последните информации, од наредната недела МВР, Обвинителството и финансиската полиција ќе ја добијат документацијата од Фондот за иновации.

Реклама

Од Обвинителство најавија дека ја чекаат кривичната пријава на директорот на Фондот Никола Додов кој минатата на недела на прес конференција обелодени дека во последните 5 години злоупотребени се 3, 2 милиони евра за фантом проекти.

Антикорупциска од август оваа година неколкупати досега се обратила до Фондот и барала документи за конкретни проекти.

Од списокот на фирми кои според информациите на Фондот не исполниле обврски и критериуми, а зеле илјадници евра се две компании со седиште во струмички Глобал и се поврзани со поранешниот премиер Зоран Заев. На списокот фирми што според информациите незаконски цицале средства се и две компании на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети. 

За криминалот во Фондот поранешен антикорупционер којшто истражувал што се случува таму коментира дека поранешните директори си носеле правилници водејќи се од девизата „Се што не е забрането е дозволено“.

Според она што го пресконференција го обелодени директорот Додов, откриени се злоупотреби на парите од Фондот од страна на 50 приватни здравствени установи. За нив се утврдува основот по кој станале корисници на Фондот за иновации.

Додов рече дека се поведени постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител за дел од копманиите. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството.