Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Албанскиот претседател Бегај во посета на земјава, денеска во Општина Чаир и Старата скопска чаршија

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска и утре ќе престојува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.

Бегај денеска ќе има средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, а утре ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ќе има средби со претставници на државниот врв. 

Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот на унапредување на институционалната соработка и консолидирање на одличните билатерални односи, денеска со свечен прием во Општината ќе го пречека албанскиот претседател Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на нашата држава. 

Реклама

По средбата, заедно со придружната делегација, ќе се упатат кон џамијата „Мустафа-паша“, а ќе ја посетат и Старата чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓeрѓ Кастриот – Скендербег, проследено со изведба на националната химна и културно-уметничка програма од Државниот ансамбл.