Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Македонија. -Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Македонија.

-Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка, објави агенцијата АТА.

Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. 
 
За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Реклама

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. 

-Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини, рече Венера Љатифи – Азизи, портпаролка на македонската влада  


Според неа, потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. 
 
-Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, потенцираше Љатифи Азизи.