Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Балкан

Албанија ја отвора последната фаза од преговорите со ЕУ

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија. Во Брисел се одржува осмата меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската Унија, на која треба да се потврди исполнувањето на привремените услови од кластерот „Основи“, што е најчувствителниот дел од пристапниот процес.

На конференцијата се утврдуваат и завршните критериуми за Кластерот 1, кој ги опфаќа правосудството, основните права, правдата, слободата и безбедноста, функционирањето на демократските институции, јавната администрација, економските критериуми, јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Тоа практично значи дека Албанија од фазата на отворање поглавја се движи кон фазата во која треба да почне да ги затвора преговарачките обврски.

Албанската делегација ја предводи премиерот Еди Рама, додека од европска страна на состанокот учествуваат претставници на Советот на ЕУ и комесарката за проширување Марта Кос. Рама пред конференцијата порача дека Албанија е „поблиску од кога било“ до Европската Унија и дека очекува земјата да стане полноправна членка до 2030 година.