Градоначаниците повеќе нема да бидат законски заштитени како бели мечки-доколку ја злоупотребат довербата на гласачите,ќе бидат казнети.Измените на законот за локална самоуправа, влегоа со собраниска процедура и ќе бидат донесени најдоцна со средината на идниот месец, што значи ќе стапат на сила пред одржувањето на локалните избори.Истите ќе бидат применливи веднаш штом се изберат новите градоначалници. На овој начин се стега ременот на градоначалниците кај кои ќе се утврди незаконско работење. За разлика од постојниот закон кој е стар 2 децении,новиот ќе овозможи тие предвреме да бидат отповикани од функцијата, доколку постои основ за одговорност-вели министерот за локална самоуправа, Перински.
” Градоначалниците се единствените функционери кои што немаме механизам како да ги отповикаме откога граѓаните ќе ги изберат.Сметавме дека тоа не е соодветно затоа што сведоци сме на злупотреба на довербата на гласачите т.е. да бидам попрецизен избрани градоначалници не испорачуваат она што го ветиле кон граѓаните.Во таа насока согласно укажувањата на венецијанската комисија ја даваме оваа алатка како механизам во предлог измените на законот за локална самоуправа”-рече Златко Перински,министер за локална самоуправа
Перински појасни дека рефендумски отповик на градоначалниците не ќе може да се иницира во првата и последната година од мандатот за да не биде протолкувано како политички чин, тоа е нешто што сакаме да го превенираме,вели Перински.И укажувањата на венцијанската комисија се да се стави оваа алатка на располагање на граѓаните, но да се користи само исклучителни ситуации. Ресорниот министер уште еднаш информираше дека измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници во овој период од 4 месеци до изборите.Инаку и сега има градоначалници кои се соочуваат со низа кривични пријави,но без судска пресуда, тие се недопирливи.

“ Тоа веќе и постои значи согласно сторено кривично дело веќе градоначалникот ја губи можноста да биде градонaчалник и во постојниот закон, поената е да граѓаните доколку се разочарани од перформансот на градоначлникот да можат преку рефендум, преку демокртски процес да го отповикаат,а потоа да следи избор на нов градоначаник”-вели Перински
Најактуелен е струшкиот Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси.Против него во моментов има 8 обвиненија. Инаку,од вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите датираат од 2006-та година, против Мерко за периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник, се воделе 16 предмети –но со измените за киривичниот законик речи сите застарија.Постапките против Мерко фаќаа прашина во судско обвинителските фиоки цели 17 години.Сега на 4 месеци пред крајот на неговиот 4-ти мандат дискутабилно е дали тој и покрај бројните кривични пријави ќе спаси глава и нема да изезе со лисици на раце од општинската зграда,туку како невин градоначалник кој со Струга раководеше 16 години.
