Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати

До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет под контрола, а 30 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во општина Штип, каде што гори ниска вегетација, во селата Пискупштина, Луково и Буринец во општина Струга (шума), во село Копаница во општина Сарај  (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во село Палиград во Студеничани (ниска вегетација и мешана шума), во село Грачани во Ѓорче Петров (нискостеблеста шума) и во кичевското село Тајмиште, во местото наречено Дардара, каде што е зафатена ниска вегетација и мешана шума.

ЦУК соопшти дека под контрола се пожарите во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод: (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат), во село Драгов Дол во Македонски Брод:  (ниска вегетација и шума), во село Белица во Македонски Брод (ниска вегетација и шума), над селото Палиград во општина Зелениково (мешана шума) и градската депонија во општина Делчево.

Реклама

Триесет пожари се изгаснати:
Општина Велес: с. Бузалково (стрниште);
Општина Чашка: с. Теово (ниска вегетација);
Општина Демир Капија: кај мостот Демир Капија (бали со сено);
Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација и шума);
Општина Ново Село: с. Ново Село (депонија);
Општина Струмица: с. Куклиш (дива депонија);
Општина Струмица: с. Банско (дива депонија);
Општина Валандово: с. Казандол (шума);
Општина Боговиње: с. Јеловјане (ниска шума);
Општина Јегуновце: с. Жилче (ниска вегетација);
Општина Гостивар: м.в. Касарни – с. Горна Бањица (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Прилеп: над Касарните (депонија);
Општина Прилеп: м.в. Кај Ножот (ниска вегетација);
Општина Прилеп: кај Дата центар (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Општина Виница: с. Градец (нискостеблеста шума);
Општина Сарај: с. Бојане (ниска вегетација);
Општина Сарај: Долна Арнакија (ниска вегетација);
Општина Сарај: Горна Арнакија (ниска вегетација);
Општина Арачиново: с. Орланци (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Чучер-Сандево: с. Кучевишка Бара (ниска вегетација);
Општина Студеничани: с. Цветово (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
Општина Шуто Оризари: ул. „Брсјачка Буна“ (ѓубриште);
Општина Могила: с. Вашарејца (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Гошинце (ниска шума);
Општина Ранковце: с. Герман (патничко возило и борова шума);
Општина Куманово: Романовски Пат (ниска вегетација);
Општина Старо Нагоричане: с. Зебарњак (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Заграчани (ниска вегетација).