Реклама

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Македонија

Актерите од МНТ безбедно се вратија од Кина, за среќа никој немал симптоми од смртоносниот вирус

Место за паника нема, и во Македонија се вративме живи и здрави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Место за паника нема, и во Македонија се вративме живи и здрави без никакви последици. Ова за Алфа го изјави Нина Николиќ, режисерката на претставата „Галеб“ од Македонскиот народен театар, која минатата недела се врати од Кина, земјата која е зафатена со чумата на денешницата, опасниот Корона вирус.

Нина Николиќ рече дека македонската актерска екипа била сместена на 2.000 км од Вухан, жариштето на вирусот. На враќање за Македонија, актерската екипа, е скенирана на излез од аеродромите во Пекинг и Истанбул и немаат никакви симптоми на коронавирусот, вели режисерката.

Дека актерската екипа на МНТ е во добра состојба, потврди и министерот за здравство. Венко Филипче рече дека цело време комуницирале со нив, и безбедносните камери на аеродромот потврдиле дека немаат никакви симптоми.

Реклама

– Единствена група на македонски граѓани кои биле во Кина е екипата на МНТ, кои биле на 2.000 километри оддалеченост од Вухан. Комунициравме со нив, скенирани се во Пекинг и Истанбул, и немаат никакви симптоми, кажа Филипче.

Екипата на МНТ гостуваше на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“, а претставата се играше на 21 јануари.

Во претставата во режија на Нина Николиќ, играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

Од вчера на Скопскиот аеродром од е поставена термална камера со која се скенираат патниците од летовите од Дубаи и Истанбул, кои имаат конекција со регионот Вухан во Кина, од каде што почна да се шири коронавирусот.

Бројката на починати постојани расте, а случаите на нови заразени се зголемуваат од час во час, соопштија кинеските власти. Коронавирусот предизвикува сериозна инфекција на дишните патишта и засега нема лек.

Борис Грујоски