Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Ако не расчистиме со одговорноста за Кочани, Ласкарци, Модуларната болница, Беса транс- несреќите ќе ни се повторуваат

Уште не ни почна, а веднаш се одложи повтореното судење за трагедијата…

Сподели:

Уште не ни почна, а веднаш се одложи повтореното судење за трагедијата со автобусот на беса транс во Бугарија кога живи изгореа 45 луѓе од Македонија. И покрај повиците од јавноста и семејствата за правда во овој случај, тој никако да добие разрешница. Денешното рочиште, кое требаше да биде прво, откако апелација ја укина 20 месечната затворска казна за газдата на Беса Транс, паричната казна од 800 000 денари за фирмата како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз, се одложи затоа што одбраната имала притворски предмет од организиран криминал.

Инаку, по трагедијат во Кочани семејствата на жртвите што го изгубија животот во автобусот на Беса Транс, изразија сочустви и повторно побараа истражните органи да отворат нова истрага и сите виновни да ги изведат пред лицето на правдата.

Трагедијата во Кочани којашто е последна во низата несреќи што се случија изминативе години го отвори прашањето дали правосудсниот систем сериозно потфрлил бидејќи за случаите Беса Транс, Ласкарци како и за модуларната болница во Тетово се уште нема никаква разрешница и никој од одговорните не заврши за решетки.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски ветува расчистување до крај на претходните трагедии во кои загинаа вкупно 75 луѓе. Според него, нема повеќе простор за импровизација, и побара сите случаи кои во минатото биле „заташкани“ да се разгледаат повторно.

Инаку, Кривичниот суд во првобитната пресуда одреди затвор за Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транс за фалсификување на исправа, односно на ваотбусите и возачите им давал фалсификат лиценца за да ја поминуваат границата со Бугарија. Но, за разлика од Кочано, тогашната судската постапка не опфати ниту еден од Министерството за економија што ја издава лиценцата, ниту од станицата за технички преглед во Глумово каде бил регистриран автобусот. Најсимптоматично е тоа што никој од станицата за технички преглед не понесе одговорност, иако тогашниот министер Оливер Спасовски ја затвори и стави клуч три дена по несреќата.

Сепак, Апелација му ја уважи жалбата на газдата на Беса транс кој негира вина и засега никој не е одговорен за смртта на 45 Македонци кои загина во превртениот автобус во Бугарија. Заклучокот од истрагата на бугарското обвинителство е дека единствена причина за несреќата е грешка на возачот.