Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

АХВ: Немаме добиено известување дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190-грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир), кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и во неколку европски земји.

Посочуваат дека Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба, навремено ќе реагира.

– Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на HiPP за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјата воопшто нема увезено од спорниот производ, односно тој не е пласиран на македонскиот пазар – информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.