Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби втората награда за Управување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби втората награда за Управување со квалитет во јавниот сектор која денес, под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, на одбележувањето на Денот на јавната администрација, на Директорот на АХВ Оливер Миланов, му ја додели Министерот за јавна администрација Горан Минчев, стои во соопштението од АХВ.

Титулатата прворангирана институција ја доби Министерството за дигитална трансформација. На настанот беше истакната важноста на професионалната, ефикасна и транспарентна јавна администрација, како клучен столб во процесот на европска интеграција и во обезбедувањето на квалитетни услуги за граѓаните и бизнисот.

– Денешното одбележување на Денот на јавната администрација, беше можност да се потврди дека реформите, професионалноста и посветената работа носат видливи резултати. Особена чест и задоволство ми претставува што Агенцијата за храна и ветеринарство е добитник на втората награда Управување со квалитет во јавниот сектор. Ова признание е потврда дека континуираното вложување во подобрување на институционалните капацитети, унапредувањето на работните процеси и примената на највисоките професионални стандарди создаваат јавна администрација која работи во интерес на граѓаните – вели Миланов.

Реклама

Наградата, рече Миланв, им припаѓа на сите вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство, нивната стручност, посветеност и одговорност во секојдневното извршување на задачите. “Благодарение на нивната работа, Агенцијата останува сигурен чувар на безбедноста на храната, здравјето и благосостојбата на животните и доверлив партнер на граѓаните, стопанството и институциите. Нашата визија е јасна – модерна, ефикасна и транспарентна институција која работи според европските стандарди, со интегритет и мерливи резултати. Ќе продолжиме да инвестираме во квалитет, дигитализација, професионален развој и унапредување на услугите, затоа што довербата на граѓаните се гради со одговорна работа и конкретни резултати – потенцира Миланов.

Тој им се заблагодари на сите колеги, соработници и институционални партнери за нивниот придонес во овој за АХВ заеднички успех.

– Признаниети е мотив да продолжиме уште поодлучно на патот кон современа јавна администрација и повисок квалитет на услугите што ги обезбедуваме. Довербата се заслужува, интегритетот се живее, а резултатите се најсилната потврда на нашата посветеност – истакнува тој.

На настанот се обратија Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, Министерот за јавна администрација Горан Минчев, шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин и претставници на институции од областа на јавната администрација од регионов и Европа.