Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште ја одржа својата 24-та…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште ја одржа својата 24-та седница Централното претседателство, по која претседателот Али Ахмети одржа прес-конференција на која се осврна на изборниот процес за кој рече дека поминал генерално добро. Тој рече дека дека коалицијата НАИ, која ја предводи ДУИ освоиле 114.076 гласви и со тоа 159 советници, а коалицијата „Вреди“ дека освоила 91.000 со 122 советници.

– Во овој процес, како и на тие што ги оставивме зад нас како парламентални и претседателски, имаме синдром на Газиместан, поразените излегуваат победници. „Вреди“ и на претходните два циклуси парламентарни и претседателски од поразени излегоа победници. Дали е победник тој што има 159 советници или 122. Но, тоа е реалноста се занимаваат со тоа дека демек победиле на избори. Не само на овие туку и на претходните, рече Ахмети.

За другите политички партии тој смета дека воделе кампања со националистички карактер.

Реклама

– Почнувајќи пропаганда пред кампања, која бара албански нека бега во Албанија, во Косово, да доминира да се претставува дека оваа држава е само на Македонците. И од тука извираше мотото за жал „Македонија повторно твоја“. Ние се залагаме и ќе се залагаме, со најголема искреност за европска Македонија, добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите, така сметаме дека и служиме на иднината, не на минатото.Имало секакви изјави ние корумпирани, криминализиани, јас стојам пред вас сум предводник на студентското движење од 1981 тогаш политиката од Блеград диригирана со политиките на Никола Пашиќ, ме нарекле националист, сепаратист, иредентист и модерната политика ме вика корумпирани и криминализиран мене и мојата политичка партија, истакна Ахмети.

На прашањето од новинарите дали ќе се повлече од политиката, Ахмети рече дека не ги изгубил изборите за да го направи тоа.

-Дали слушнавте кој победи зошто да се повлечам од политиката? Дали ги сакате резултатите одете во ДИК и ќе видите. Ако може да видите дали за 25 години има еден пораз на Али Ахмети тогаш ќе се повлечам. Еве ги резултатите, 25 години сме победиле, не само последниве три циклуси. Апсолутно не е пораз во Тетово и Струга, на 2-ри ноември играта почнува од нула:нула(0:0). За Чаир и Сарај во битки има и порази, рече Ахмети.

На прашање дали ќе има соработка со други политички партии генерално во втор круг и коментар за состојбите, Ахмети рече дека има такви можности.

-Мицкоски ги влече за уши своите партнери, ние сме отворени со сите да комуницираме за доброто на граѓаните. Ние се ангажираме за унитарна држава и ова не го велиме инцидентно за европска држава, но без селективна правда, рече Ахмети.