Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Администраторот на „Јавна соба“ се пријавил во МВР

Еден од администраторите на “Јавна соба” синоќа сам се пријавил во полиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од администраторите на “Јавна соба” синоќа сам се пријавил во полиција – дознава Алфа од извори од истрагата. После полноќ администраторот на групата решил да сподели информации со инспекторите околу тоа кога е формирана групата и како се развивала. Полицијата трага по уште еден администратор и двајца модератори, истака денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Во групата на “Телеграм” каде се шири детска порнографија полицијата утврдила дека членуваат 8.000 луѓе, а споделени се околу 800 видео клипови и форографии.

„До ‘Телеграм’ во Велика Британија испративме барање да нè информираат за телефонските броеви на двајца администратори и двајца модератори на групата. Ќе се бараат информации за сите што го прекршиле Законот за производство и дистрибуција на детска порнографија или, пак, направиле злоупотреба на податоци. Инспектори од сите СВР на терен собираат податоци за случајот. Имаме релевантни сознанија за дел од луѓето кои ја менаџирале групата, но во интерес на истрагата не би одел со конкретни имиња“, рече министерот Чулев.

Посебни насоки биле дадени на службите за постапување со жртвите чии фотографии и видеа биле злоупотребени во оваа група. Засега има само два пријавени случаи, од кои во едниот веќе било утврдено дека се работи за злоупотреба на лични податоци, кажа министерот Чулев.Додавајќи дека на разговор во врска со овој случај ќе бидат повикани само оние кои споделувале видеа и фотографии, не сите кои членувале во групата. Тој уверува дека МВР ја следи состојбата и внимава на можно појавување на групата со друго име и на друга мрежа.

Реклама

Во меѓувреме, дел од медиумите почнаа да лицитираат со имиња за евентуални модератори или наводни администратори во групата, водејќи се по наводни препознавања од фотографии на лица кои биле дел од “Јавната соба” на “Телеграм”.

„Јавна соба“ постои подолго време, а во јавноста за истата се дозна откако неколку средношколци чии фотографии завршиле таму проговориле за истата. Алармот го активираше професорка од скопско средно училиште, а јавноста и невладините реагираа жестоко, згрозени се од содржината и коментарите кои се појавија во оваа група.

 

Ања Василева