Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нов хаос со јавниот превоз – приватниците повторно не возат оти „ЈСП“ им должи пари

Од вторник приватните превозници ќе возат редуцирано, а најавија и штрајк и…

Сподели:

Од вторник приватните превозници ќе возат редуцирано, а најавија и штрајк и блокади ако „ЈСП“ не им го исплати долгот од речиси 100 милиони денари. „Вестор транс“ и „Радос Компани“, веќе повлекоа 80% од автобусите и нема да возат додека не ги добијат парите на сметка. Велат дека вака не можат да продолжат да возат и се приморани да ги остават автобусите во гаража затоа што не можат да ги покријат тековните трошоци.

„Ни немаат исплатено пари повеќе од 4 месеци. Долгот достигна веќе 70 милиони денари и вака повеќе не можеме да издржиме со ова темпо на работа. Принудени сме да повлечеме повеќе од 80% од автобусите. Некои сме принудени и да се откажеме од возење за стално. „ЈСП“ нема пари сметките да си ги плати за струја и вода и цело време чека пари од Градот. А Градот зошто не му пушта пари не знаеме. Советниците гласаа за субвенции, а Градот не ги дава парите. Кај одат тие пари? Плати немаат земено ниту вработените во ЈСП“, велат од „Радос Компани“.

Од „ЈСП“ молк. Не кажуваат зошто ги немаат префрлено парите кои беа излгласани на седница на град Скопје. Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Мартин Стојановски, апелира претпријатието да ги префрли парите во најбрз можен рок и прашува како може претпријатието да е во толку лоша состојба, кога советниците од Град Скопје изгласаа рекордна сума на субвенции.

Реклама

„Од она што го знаеме „ЈСП“ им нема повеќе од 100 милиони денари исплатен на приватните и затоа апелирам ЈСП да ги исплати. Битно е да се напомене дека ние како советници изгласавме повеќе од 23 милиони евра за неполни две години за 2024 и јануари 2025 за субвенции за „ЈСП“ се сомневам во работењето на менаџметнтот на „ЈСП“ затоа што да се изгласаат рекорден број субвенции, а тие да не се исплатат на приватниците кои се крвотокот на автобускиот превоз на Градот Скопје е сосема негативно и апелрирам јсп да ги исплати апелирам и до менаџментот на Градот Скопје да се зафатат со работа за да имаме добар сообраќај и да не се доведеме во ситуација приватниците да го блокираат градот“, изјави Мартин Стојановски, советник од Град Скопје.

Инаку приватниците веќе почнаа да возат со намален капацитет. Ги нема автобусите со број 9, 19 и 20, во Чаир и Шуто Оризари, но и во други делови од метрополата.