Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Манасиевски: Без гаранции нема уставни измени, последните измени беа на Филипче и Заев кои завршија со промена на уставното име и вето од Бугарија, Холандија и Франција

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ.

Да ја потсетиме јавноста дека СДСM и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, за кои уверуваа дека следуваат бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, но наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме слика од владин авион.

Реклама

Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев доведе да го промениме државното име и наместо влез во ЕУ, да добиеме вето од Холандија, Франција, а подоцна и од самата Бугарија.

Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДСM. Уставни измени без гаранции нема да има.