Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Народна банка: Намалена каматната сапка на депозитите на годишна основа, каматата на кредитите остана непроменета

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, се наведува во соопштението од Народна банка.

– Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

– Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,57% и на месечна основа е зголемена за 0,16 п.п., при годишно зголемување од 0,70 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа раст на месечна и на годишна основа од 0,15 п.п. и 0,09 п.п., соодветно и изнесува 2,43%.

Реклама

1. Каматни стапки на корпоративниот сектор

– Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во април е повисока за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,35%. Притоа, нагорната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти, каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на кредитите без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари пад од 0,38 п.п.

‒ Во април, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,50%, што претставува месечен раст од 0,25 п.п. Од аспект на валутната структура, растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,95 п.п. и 0,34 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,50 п.п.). Во споредба со април минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е повисока за 1,08 п.п.

– Во април, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,67%. Надолната промена во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,11 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула, при непроменети каматни стапки на депозитите во странска валута. Годишниот раст на оваа каматна стапка изнесува 0,05 п.п.
– Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор бележи месечно зголемување од 0,54 п.п. и изнесува 2,74%. Анализирано по валута, растот е резултат на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,76 п.п. и 0,46 п.п.). Во април, каматната стапка на новопримените денарски депозити со валутна клаузула изнесува 2,50%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Каматната стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,51 п.п. на годишно ниво.

2. Каматни стапки на домаќинствата

– Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во април, изнесува 5,06% и забележа намалување од 0,02 п.п. на месечно ниво, под влијание на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,42 п.п.

Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата се намали за 0,04 п.п. на месечна основа и изнесува 4,65%. Месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки на сите компоненти – каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,26 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (0,06 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,02 п.п.

– Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, изнесува 2,10% и на месечно ниво е намалена за 0,01 п.п. Падот на месечна основа се должи на намалувањето на сите компоненти – каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,04 п.п.
– Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6, во април забележа месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 2,31%. Притоа, растот во целост е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,10 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Кај каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е забележан годишен пад од 0,11 п.п.