Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

МВР воведува кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат објектите на Одделот за граѓански работи.

Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит.

-Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции, информираат од МВР.

Реклама

За неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи се смета ​премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани); ​облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека; ​облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови; ​тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности; ​облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината и ​несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки).

Истовремено, од МВР посочуваат дека и вработените во Одделот за граѓански работи се должни доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување.