Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ДКСК започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување.

Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен процес со вклученост на институции, граѓански организации, експерти, приватен сектор, медиуми и меѓународни партнери.

Фокусот на националната стратегија 2026-2030 е ставен на области со висок ризик од корупција, меѓу кои: јавни набавки; надзор над спроведување на законите; правосудство; просторно и урбанистичко планирање; транспорт и инфраструктурни проекти; здравство; животна средина, енергетика и природни ресурси.

Реклама

Целокупната документација е достапна на следниот ЛИНК, а сите заинтересираните страни и граѓаните ќе имаат можност да ги достават своите коментари на Нацрт стратегијата заклучно со 08 јуни 2026 година.

По разгледување на коментарите и конечното усогласување на предлог националната стратегија, ДКСК ќе ја донесе националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акционен план за нејзино спроведување по што, согласно со членот 18 став (3) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, истата ќе ја достави до Собранието на Македонија за усвојување.

ДКСК, согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е надлежна институција за донесување петгодишна национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акционен план за нејзино спроведување. За таа цел ДКСК во текот на 2025 и почетокот на 2026 година ги спроведе сите фази за подготовка на новата Национална стратегија и тоа подготви Методологија за проценка на ризиците од корупција за потребите на изработката на НС 2026-2030, направи Проценка на ризиците од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, и донесе Методологија за изготвување на НС2026-2030. Овие процеси, како што информираат од ДКСК, беа спроведени со континуирана вклученост на претставници на државните органи и институции, здруженија, фондации, приватниот сектор и медиумите.

Со цел обезбедување највисоки стандарди при подготовката на овој петгодишен антикорупцски документ и детална претстава за ризиците од корупција во секоја област, во процесот на подготовката на НС 2026-2030 беа ангажирани повеќе домашни и еден меѓународен експерт. Заради почитување на принципот на инклузивност, во периодот октомври – декември 2025 година беа одржани 21 целодневна работилница, по три за секоја предвидена област, на кои ДКСК интензивно работеше на утврдување на визија и цели за секоја хоризонтална област/сектор опфатени со НС 2026-2030, детектирање на приоритетните проблеми во истите, како и предвидување мерки, активности и надлежни институции за надминување на проблемите кои генерираат висок степен на корупција. Како резултат на овие работилници, но и на дополнително одржаните состаноци со институции и засегнати страни за конкретни прашања од нивниот домен, изготвена е предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акционен план за нејзино спроведување (Предлог стратегија).