Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска – нова етапа од меѓусебните односи

Истиот модел кој се предлага за приклучување на Украина кон ЕУ, треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истиот модел кој се предлага за приклучување на Украина кон ЕУ, треба да се однесува и за останатите држави од регионот, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Хрватска. Коментирајќи го писмото на германскиот канцелар Мерц, испратено до Европскиот совет, во кое тој предлага Украина да биде асоцијативна членка, додека Западен Балкан привилегиран набљудувач со забрзана постепена интеграција, Хрватска застана зад Македонија.

„Позицијата на Хрватска е многу јасна: ако се откажеме од концептот на таканаречени индивидуални заслуги за секоја земја поединечно, и ако се создаваат одредени скратени патишта или трансформирани модели на членство, во овој случај пред сè за Украина, тогаш тоа мора да важи подеднакво за сите. Не може за едни да важат едни правила, а за други поинакви. Тоа е нашата прва позиција. Втората позиција е дека постои голема разлика во капацитетот и големината на Украина во однос на сите останати земји-кандидати. Сите други земји се помали по население и помалку комплексни во однос на влијанието врз европските политики, буџетските импликации, економските и секторските политики, како и регионалниот развој и кохезиските фондови. Токму затоа се бара специфично решение“, рече Пленковиќ.

Стратешка цел на Македонија останува целосна интеграција во Европската Унија, пат кон кој земјава го започна уште со стекнувањето на независноста. Но, наместо процесот да остане заснован на европски критериуми и реформи, тој се претвори во билатерализација. Тоа значи дека билатералните прашања станаа дел од европскиот процес, што создаде нова фрустрација кај македонските граѓани, истакна македонскиот премиер. „Цениме дека многу одамна го заслуживме нашето место во рамките на тоа семејство.

Реклама

Повторно сега имаме уште едно такво барање кое е пред нас. За жал, тоа го прифати претходната влада, мислејќи дека ако добијат бел лист хартија на маса и го потпишат истиот, ќе останат да бидат влада и во иднина. Сè додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од страна на една земја-членка се наша препрека за да бидеме дел од тоа семејство, што одамна го заслуживме, за жал ќе се одолговлекува, но ние не губиме надеж“, рече Мицкоски.

Двајцата премиери во Охрид потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете влади и меморандум за разбирање и соработка во енергетскиот сектор.