Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Мицкоски: Народот кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената територија

Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот но и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина. Држава може да изгради патишта, мостови и фабрики. Но ако не создава образовани генерации, таа гради без темели. Светите Кирил и Методиј тоа го разбирале пред повеќе од единаесет века. Тие знаеле дека народот не се издигнува само со политичка моќ, туку пред сè со духовна зрелост и со просвета. најсилното оружје против сиромаштијата и најсигурната шанса за успех е образованието – истакна претседателот на македонската Влада, обраќајќи се на свечената академија „Од слово до вечност“, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители.

-Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна,дека секој народ има право на образование, на култура и на духовен израз на свој јазик. Токму затоа нивното дело е поголемо од историски настан. Тоа е победа на светлината над темнината. Победа на знаењето над покорувањето. „Народ што не ја познава својата писменост и култура, лесно станува туѓ во сопствената историја, рече премиерот Христијан Мицкоски. 

 Премиерот нагласи дека не смее да се дозволи националните теми да се злоупотребуваат за политички и партиски интереси, со порака дека е потребно обединување околу националните прашања и европската иднина на државата. Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции.

Реклама

-И можам да ги разберам, иако не ги оправдувам, позициите на еден од нашите соседи. Но не можам да ги разберам, ниту оправдам, домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на раководството на една наша соседната држава. Тоа што тој го зборува, тоа го зборуваат и домашните политичари и нивни претставници. Поразително. Тоа нè поразува и како нација, рече Мицкоски.

Нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто, на негова штета,рече Мицкоски потенцирајќи дека нема да отстапи од тоа да им дише во врат на оние кои се богатат и печалат на маката на народот. Ова е последната шанса на оваа генерација да создаде нешто вредно што ќе остане за сите наредни. Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе останеме цврсти, а споделената мака е помала мака. Токму тоа јадро било разнишувано и удирано во историската судбина на Македонија.

-Македонија мора да биде дел во Европската Унија, но мора да останеме сочувани и достоинствени. Мора да се бориме за она во што веруваме и концептот на обединување мора да се постигне на здрава основа. Направив сè за да подадам рака кон овие кои што се денес за жал мекото ткиво на македонскиот идентитет,да се свестат заедно да се обединеме, да се бориме обединети.Тие секоја шанса ја испуштија, рече Мицкоски.

Тоа што некои се лидери на политички партии во опозицијата  ја имаат таа улога, не значи и дека се лидери на својот народ. Одбивајќи да се обединиме за националните прашања, тие се осудени на пропаст.Стануваат маргинални служители на туѓите интереси,истакна Мицкоски и повика на  народно и интелектулано обединување на државата.

Ова е последната шанса за Македонија. Мораме да ја искористиме. Ќе разговарам со секој, ќе го мотивирам секој кој сака да помогне и да се вклучи во процесот на Македонија која забрзува и оди напред.Во 21 век, токму тоа ќе ги одредува силните држави. Држава може да биде мала по територија, но голема по дух. Може да нема огромни богатства, но да има народ што знае, создава и остава трага. А народ што има слово, култура и образование – никогаш не е мал народ.