Реклама
Балкан

Поплавени куќи во Бугарија

Обилните дождови што ја зафатија Бугарија предизвикаа сериозни поплави и вонредна состојба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните дождови што ја зафатија Бугарија предизвикаа сериозни поплави и вонредна состојба во повеќе региони, откако неколку реки излегоа од своите корита и поплавија куќи, дворови и улици. Најкритична е состојбата во Велико Трново, каде властите прогласија вонредна состојба поради интензивните врнежи. За само половина час во регионот наврнале околу 80 литри дожд на квадратен метар, а на одредени места нивото на водата надминало еден метар. Поради поплавите е прекинато водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија во некои села.