Реклама
Балкан

По Трамп и Путин, и Вучиќ ќе ја посети Кина

По посетите на Доналд Трамп и Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По посетите на Доналд Трамп и Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе пристигне во Пекинг кон крајот на мај, на покана на кинескиот лидер Си Џинпинг. Официјалната дводневна посета на Кина е планирана од 24 до 28 мај 2026 година.

Ова патување Вучиќ го најави на прес-конференција одржана на 16 мај, посочувајќи дека го смета за круна на неговата кариера, бидејќи кај кинескиот лидер Си Џинпинг оди по скорешната посета на американскиот претседател Доналд Трамп, како и актуелната посета на Владимир Путин. Тој рече дека неговите очекувања од посетата на Кина се големи.