Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Компанијата Костал одбележува десет години присуство во Македонија

Костал Македонија, која започна со работа во објектите на поранешниот гигант ЕМО,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Костал Македонија, која започна со работа во објектите на поранешниот гигант ЕМО, денес одбележува 10-годишнина од своето постоење и за краток временски период успеа да изгради компанија која денес вработува околу 1.340 лица, со реализирани инвестиции од околу 200 милиони евра. Оваа година очекуваме да достигнеме минимум 280 милиони евра извоз, со потенцијал таа бројка да порасне и до 300 милиони евра, истакна извршниот директор Виктор Мизо. Во рамките на групацијата Костал, македонската локација е втора најголема меѓу седумте производствени погони во Европа. Овде се реализираат најсофистицираните и технолошки најнапредни процеси на глобално ниво.

„Без разлика на сите глобални и европски предизвици, ние имаме зголемување на обемот на работа и на извозот. Во споредба со минатата година, во првите четири месеци бележиме раст од над 20 проценти, а очекувањата се тој раст до крајот на годината да достигне помеѓу 20 и 25 проценти и да се реализира до крајот на годината. Но, признавам дека состојбата во Европа во моментот е неизвесна, секој ден се случуваат различни видови ризици и треба да видиме како сето тоа ќе се развива во следниот период“, рече Виктор Мизо, извршен директор на Костал.

„Кога првпат дојдов овде, остварувавме околу 80 милиони евра продажба. Денес планираме да достигнеме 280 милиони евра. Тоа е навистина неверојатно“, вели Хансјорг Херман, оперативен директор на Костал.

Реклама

И покрај сите глобални предизвици, Костал годинава очекува раст на приходите и ќе биде меѓу петте најголеми извозници во државата, истакна премиерот Мицкоски.

„Ова е двонасочна улица, треба да се поддржуваме и надополнуваме, бидејќи колку што е Костал поуспешен, толку е поуспешна и македонската економија — и обратно. Колку е државата поуспешна, толку повеќе вреди и бизнисот на Костал во Македонија. Вакви производствени капацитети се од огромно значење за македонската економија, за бруто-домашниот производ и за државата. Владата останува на располагање за секаква логистичка и институционална поддршка, со цел оваа инвестиција во иднина да биде уште поуспешна“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Иако автомобилската индустрија на глобално ниво се соочува со неизвесност, ние како македонска Влада ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме ваквите инвестиции да бидат уште поуспешни, додаде премиерот Мицкоски.