Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Ново бегство од собраниските одговорности на СДСМ: Филипче не успеа да ја блокира Комисијата за финансирање и буџет

И покрај обидот за блокади од СДСМ, во Собрание на комисиска расправа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај обидот за блокади од СДСМ, во Собрание на комисиска расправа помина задолжувањето од 260 милиони евра. Пратениците дадоа виза за планот на Владата со кој треба да се обезбедат средства за повисоки плати и пензии, повеќе крупни капиитални проекти, но и сервисирање долгови кои се наследени од претходната власт. Обидите на СДСМ по секоја цена да ја блокира седницата на Комисијата за финансирање и буџет заврши со целосно повлекување на нивните претставници кои не ни присуствуваа на расправата.

Венко Филипче најави дека ќе поднесат интерпелација и кривична пријава против собранискиот спикер Африм Гаши, бидејќи определил друг пратеник да ја свика Комисијата. Иако ваквата можност ја предвидува деловникот, сепак СДСМ истиот ќе го спори и скандализира.

-Кршејќи го деловникот закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија која што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска и покрај тоа што е таа тука и не е отсутна, а деловникот тоа не го дозволува кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник, да ја води оваа Комисија. Ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, изјави Филипче. 

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ не се изненадени од ваквиот потег. Велат СДСМ одлучи да го направи она што го прави со месеци и години наназад, да избегаат од дебати. Според пратеникот Бојан Стојаноски, доказ дека социјадемократите сакаат само да блокираат е и што едно од оправудањата им било дека во салата четири немало просторни услови, односно немале каде да седнат.

-Со овие средства ќе се финансираат: повисоки плати, повисоки пензии, изградба на три автопати, брза железница и реконструкција на постојните пруги, нови болници и училишта, како и продолжување на реализацијата на над 1200 капитални проекти низ државата. Со дел од овие средства се наменети за отплата на еврообврзница земена во 2020 година, која доспева за плаќање во јуни, изјави Стојаноски.

Заменик минситерот за финансии Николче Јанкуловски, образложувајќи го ова задолжување, кажа дека е земено по најповолни можни услови.

-Се избра најевтината, најповолната понудам на пазарот во моментот која што ја има. И за разлика од определени земји во регионот и дефакто се покажа дека условите по кои се зема овој кредит, за кој што во моментов се одлучивме да биде во износ од 260 милиони евра е навистина по најповолни услови на пазарот, изјави Јанкуловски.

Заемот е предвидено да се повлече во една транша со рок на отплата од седум години, грејс период од три и варијабилна каматна стапка составена шестмесечен еурибор зголемен за 2,1 проценти.

Матеја Петровски