Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Комисијата за финансирање и буџет го разгледува задолжувањето од 260 милиони евра, избрана најповолната понуда

Комисијата за финансирање и буџет во законодавниот дом, денеска, на продолжението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за финансирање и буџет во законодавниот дом, денеска, на продолжението на 64. седница, го разгледува предлог-законот за задолжување на земјата со заем од меѓународни финансиски институции во износ до 260 милиони евра наменет за буџетски потреби, капитални расходи и рефинансирање на обврски.

Како што информира претседавачот на седницата, Бојан Стојановски, продолжението е свикано во согласност со Деловникот и дека Комисијата има кворум за работа и одлучување и покрај тоа што пратениците од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не учествуваат на денешната расправа.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во образложението истакна дека станува збор за задолжување од меѓународни кредитори, предвидено во согласност со буџетот за 2026 година. Појасни дека Министерството за финансии, по одлука на Владата од 10 февруари 2026 година, имало задача да обезбеди средства до 300 милиони евра, при што по спроведената постапка, Јанкуловски рече е избрана најповолна понуда.

Реклама

– Како што правиме и вообичаено, се избра најевтината, најповолна понуда на пазарот во моментот, која, за разлика од определени земји во регионот, де факто покажува дека навистина условите по кои се зема овој кредит, за кој во моментот се одлучивме да биде во износ од 260 милиони евра, се навистина најповолни на пазарот – рече Јанкуловски.

Според него, заемот ќе се повлече во една транша, со рок на отплата од седум години, грејс-период од три години и варијабилна каматна стапка составена од шестмесечен еурибор зголемен за 2,1 проценти.

– Овие финансиски средства ги користиме бидејќи буџетскиот дефицит е една од причините, понатаму за општи буџетски потреби, за финансирање на капиталните инвестиции и, секако, за наследените обврски од минатиот период, кои треба оваа Влада да ги сервисира оваа година, но секако и наредните години – рече Јанкуловски.

Во текот на расправата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, оцени дека задолжувањето е предвидено и транспарентно обвинувајќи ја опозицијата за отсуство од дебатата. – Постапката е апсолутно законска, институционална, транспарентна, како што кажав, и апсолутно немаме што да криеме од граѓаните – истакна Стојановска.

Средствата, додаде, не се наменети за тековни трошоци, туку за развојни цели. – Не станува збор за задолжување за плати, туку, напротив, станува збор за задолжување за продуктивни трошоци, кои дополнително ќе ја зголемат економијата во Македонија – рече Стојановска.