Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Иванова: Деноноќно се работи да се спречи пожарот на депонијата во Радовиш, службите се постојано на терен, СДСM повторно прави политички маркетинг 

Во една ваква сериозна состојба, додека институциите, пожарникарите и јавното претпријатие деноноќно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во една ваква сериозна состојба, додека институциите, пожарникарите и јавното претпријатие деноноќно се борат со пожарот на депонијата, за што граѓаните се редовно информирани и се сведоци на активностите, СДСM Радовиш наместо конструктивен пристап, се обидува да ја претвори состојбата во инструмент за дневнополитички напади и собирање ситни политички поени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Марија Иванова, ОК Радовиш.

Иако Општината континуирано, преку социјалните мрежи со фотографии и видеа, ја информира јавноста за сите активности на терен, крајно нечесно и манипулативно е да се тврди дека не се преземаат никакви мерки. Во изминатиот период, Општината, Јавното комунално претпријатие и Територијалната противпожарна единица деноноќно и со максимални напори интервенираа на терен за гаснење на пожарот и намалување на чадот, со целокупната неопходна механизација постојано ангажирана на локацијата. Таквите тврдења претставуваат свесно искривување на реалната состојба и замајување на јавноста.

Дополнително, граѓаните се сведоци дека видеата кои се објавуваат од страна на СДСM Радовиш, се снимаат токму на самата депонија и во моменти кога активностите на терен се во тек, но намерно се изоставуваат клучните делови каде што механизацијата и екипите интензивно работат. Со ваков селективен приказ повторно се создава искривена слика и се доведуваат граѓаните до заблуда.

Реклама

Наместо поддршка во ваква сериозна состојба, повторно се избираат политички манипулации и обиди за собирање дневнополитички поени.

Факт е дека пожарите и ваквите појави секоја година се повторуваат. Минатата година гореше речиси цела Македонија, шуми, депонии и отворени површини, а сега повторно сме сведоци на слични ситуации. Сето тоа отвора сериозни сомнежи и прашања дали станува збор за организирани и координирани активности, за што очекуваме институциите целосно да ја утврдат фактичката состојба.

Очигледно е дека за СДСM, секоја криза претставува можност за евтин политички маркетинг, ширење паника и создавање тензии. Граѓаните добро паметат кој со години ја остави државата без системски решенија, без инвестиции и без суштинска грижа за инфраструктурата и јавниот интерес. Грижата за граѓаните им е на втор план, а одговорноста кон општеството целосно изостанува, со што повторно покажуваат дека наместо решенија избираат манипулации и политички пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во ваков тип на валкана и деструктивна политика. Нашиот приоритет останува целосно насочен кон заштитата на граѓаните, справување со пожарот и целосно ставање на состојбата под контрола. Јавноста секогаш навремено и транспарентно се информира за сите официјални информации и понатамошни чекори.

На крај, надвор од оваа прес-конференција, сакаме да упатиме искрена благодарност и честитка до сите пожарникари по повод Денот на пожарникарите и сите други кои се активно вклучени во решавањето на овој проблем. Ви благодариме за вашата пожртвуваност, храброст и несебична посветеност, со која секојдневно стоите на првата линија во заштита на граѓаните и справувањето со вакви тешки ситуации. Вашиот труд, професионалност и жртва заслужуваат најголема почит и признание од сите нас.