Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Запленети 500.000 евра, се обидел да ги прошверцува албански државјанин

На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси.

Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат за нови патишта, болници училишта,…

Реклама

Цариниците кои ги запленија еврата, ќе бидат наградени со по 10.000 денари.

-Ова е најголема заплена досега во историјата на Царинската управа на Македонија. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Албанија, со иницијали Џ. Г., кој управувал со минибусот, е соодветно гонет, за што веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово. Обидот е откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез на државниот граничен премин Табановце, во која е извршена детална контрола на минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија со која биле превезувани седум патници, рече Николовски.

Мобилниот тим веднаш забележал преправки на возилото, по што е пуштено царинското куче кое укажало на индиции за криумчарење на истото место.

Сомнежите се потврдиле и со скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери, по што инспекторите од мобилниот тим пристапиле кон отстранување на профилот во кој биле пронајдени 14 проѕирни ќеси во кои биле спакувани 500.000 евра кеш пари.

Согласно закон, запленетите девизи уште веднаш се предадени во Агенцијата за привремено одземен имот, а потоа се депонирани во Народната банка.

-Сакам јавно да се заблагодарам на тимовите од Одделението за оперативни работи за брзата реакција и школски одработената професионална контрола. Апелирам до сите, дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина и обид за криумчарење ќе биде најстрого санкциониран од страна на царинските службеници при Царинската управа, потенцира директорот на Царината, Николовски.