На лична покана на амбасадорот на Република Кипар во Софија, Н.Е. Хараламбос Кафкаридес (Haralambos Kafkarides), проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, присуствуваше на свечениот настан организиран по повод Претседателството на Република Кипар со Советот на Европската Унија во 2026 година, стои во соопштението од МКИЦ Софија.
Настанот се одржа во свечена и пријателска атмосфера, во присуство на бројни претставници на дипломатскиот кор, амбасадори, претставници на европски институции, културни организации, академската заедница и јавниот живот во Бугарија. Во текот на вечерта истакнато беше значењето на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, како и неговата улога во унапредувањето на европските политики, меѓународната соработка и културниот дијалог меѓу државите-членки и земјите од регионот.

Присуството на проф. д-р Зоран Пејковски на овој значаен дипломатски настан претставува потврда за активната улога на Македонскиот културно-информативен центар во Софија во промоцијата на културната дипломатија и меѓународната културна соработка. Како институција која континуирано работи на афирмација на македонската култура, традиција и современо творештво надвор од границите на државата, Македонскиот КИЦ во Софија претставува значаен мост на поврзување меѓу народите, културите и институциите.

Во рамки на настанот, проф. д-р Пејковски оствари средби и разговори со претставници на дипломатски мисии, културни институции и меѓународни организации, при што беше нагласена важноста на културната дипломатија како современ инструмент за градење доверба, пријателство и заемно разбирање меѓу државите. Посебен акцент беше ставен на улогата на културата во зајакнувањето на европските вредности, интеркултурниот дијалог и развојот на соработката во областа на образованието, уметноста и културната размена.
Настанот претставуваше можност за размена на идеи и искуства, но и за отворање нови перспективи за идни заеднички иницијативи и партнерства. Во време кога културната и јавната дипломатија добиваат сè поголемо значење во меѓународните односи, ваквите средби придонесуваат кон продлабочување на меѓусебното почитување, разбирање и градење на трајни пријателски релации меѓу народите.
Со своето присуство и активна комуникација, проф. д-р Зоран Пејковски уште еднаш ја потврди заложбата за афирмација на македонската култура и за унапредување на културната дипломатија како важен сегмент во современите европски и меѓународни процеси.
