Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

„Вреди“: Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ? Против сопствените родители?

Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти“ влегоа во валканата игра на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти“ влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори.

Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт, се вели во соопштението на „Вреди“.

20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници.

Реклама

Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно. Против кого протестираат? Против сопствените родители?

Ова е прочитана и провидна игра, осудена на пропаст уште од старт. Овој филм нема да им помине. Нема да дозволиме младите да се користат за политички агенди на ДУИ. Правосудниот испит на албански јазик, како и сите прашања што овие фотељаши ги оставија недовршени, „Вреди“ ќе ги реши одговорно.

Времето на политичкиот агалук заврши. Студентите не се ничија сопственост, ниту спасувачки појас за очајните функционери на една распадната партија.