Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Мицкоски: Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на БДП да продолжи во периодот кој следи

Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под 1 процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. 

-Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски пазар, бидејќи повеќе од две третини од нашата размена е со ЕУ, очекувам да се засили овој раст, а зошто да не да дојдеме до оние поскувани 4 до 5, па и 6 проценти раст на БДП, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Виница.

Премиеорт смета дека  Македонија на странските инвеститори може да им понуди страатешка локација, бидејќи, како што рече, како држава сме раскрсница на два значајни европски коридори – Коридорот 10 кој има за цел да ја поврзи Централна Европа со Медитеранот преку Егејското Море и Коридорот 8 кој треба да ги поврзе Јадранското и Јонското Море со Црното Море.

Реклама

-Тоа се два моногу значајни коридори и ние сме природна раскрсница. Тоа можат сите странски инвеститори да го користат како предност. Следна предност е искусен и квалитетен кадар кој може да им го понудиме и кадар кој има знаење што е наша компаративна предност во споредба со останатата конкуренција во регионот. Можеме да понудиме уште многу и многу работи, бидејќи граѓаните во Македонија се чесни и работливи луѓе, народ кој сака да работи, народ кој сака да создава и си ја љуби својата земја. Мислам дека тоа многу значи и за инвеститорите, посочи Мицкоски.

Ако се гледаат анализите кои ги објавува Државниот завод за статистика, додаде, од оние нешто под 90 000 невработени во моментов кои бараат активна работа ако се исклучат земјоделците и поедници кои се неколку десеттици илјади, ако се исклучат и средношколците со 15 и 16 години, бидејќи статистичката операција опфаќа граѓани од 15 до 65 годишна возраст, тогаш ќе дојдеме до невработеност која е под 5 проценти дури и пониско.