Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Економија

Општина Куманово по целосната реконструкција на индустриската зона ќе продава парцели

Во индустриската зона Речица и Новини во Куманово во тек е реализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во индустриската зона Речица и Новини во Куманово во тек е реализација на втората фаза од инфраструктурното уредување, при што досега се завршени повеќе од 70 проценти од работите, изјави денеска, градоначалникот Максим Димитриевски.

– Во моментов се чека исплата на средствата од унгарскиот кредит, кои треба да бидат опфатени со ребалансот на државниот буџет. Паралелно имаме и неколку инвестиции, меѓу кои и инвестицијата на Lidl. Тие својот дел од обврските веќе го завршија и сега се шират во делот на подготовка на локациите за изградба на маркети во Куманово и пошироко, рече Димитриевски.

Како што изјави, маркетите на компанијата би требало да станат целосно оперативни во текот на следната година. Тој посочи дека Општина Куманово засега нема да брза со продажба на останатото земјиште во зоната, сè додека целосно не заврши инфраструктурното уредување.

Реклама

– Сметаме дека со комплетното уредување ќе се зголеми вредноста на земјиштето, а општината ќе може да прибере и поголеми средства од неговата продажба- изјави Димитриевски.

Со средствата од Владата се очекува целосно опремување на инфраструктурата, претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа, јавно осветлување, како и асфалтирани улици со тротоари.

Општината го истакнува овој приоритет и поради фактот што во зоната веќе функционираат домашни и странски компании, а подобрената инфраструктура директно влијае врз пониските оперативни трошоци, безбедното работење и зголемената атрактивност за нови инвестиции.

Индустриската зона Речица е позиционирана на една од најповолните локации во североисточна Македонија во непосредна близина на автопатот E-75 кон Табановце, на само пет километри од српската граница и во близина на европските коридори коридор 8 и коридор 10.

Зоната е наменски урбанистички проектирана за лесна и незагадувачка индустрија, трговски капацитети, сместување, сервиси и стоваришта, комбинација што ја позиционира како логистички и економски хаб со пошироко регионално значење.