Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мото-дефиле во организација на СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ по повод Меѓународниот ден на семејството

По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 Мај, попладнево во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 Мај, попладнево во Скопје ќе се одржи мото-дефиле во организација на СОС Детско село и Мото клубот „Вепар“. 

Дефилето е закажано за 17 часот, а збирното место на моторџиите е локацијата „Фонтана парк“ во Скопје. На стартот се најавени изјави од претставници на СОС Детско село и на Мото клубот „Вепар“.

Организаторите информираат дека настанот има за цел да испрати порака за важноста на семејството, заедништвото, поддршката на најранливите и грижата за децата и младите без родителска грижа.

Реклама

– Со оваа активност, СОС Детско село во својата јубилејна година ја подигнува јавната свест за важноста на семејството, грижата и поддршката од заедницата, со порака дека секое дете заслужува да расте со љубов, сигурност и стабилна поддршка – стои во соопштението.