Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Хоџа на увид во општина Студеничани, во тек реализација на капитални комунални проекти  

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна посета на Општина Студеничани, каде заедно со градоначалникот Ејуп Абази извршија увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Хоџа, како што соопшти МЖССП, jа посетил локацијата каде што се одвиваат активностите за изградба на канализационата мрежа за отпадни води во село Морани. Проектот е со вредност од 4.519.715 денари и веќе е реализиран над 50 отсто.

Оваа инвестиција, како што истакнал Хоџа, е дел од програмите на Министерството за обезбедување квалитетна комунална инфраструктура во сите населени места, а целта е надминување на децениските предизвици со кои се соочуваат жителите во овој регион.

Реклама

Покрај овој проект, во Студеничани во тек е третата фаза од изградбата на водоводна мрежа – проект за кој Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди над 53 милиони денари.

Водоводната мрежа е во должина од 8.7 километри, од кои 5.5 километри се веќе завршени.

Министерот Хоџа истакнал дека Министерството продолжува со силна поддршка на општините во реализација на капитални инфраструктурни проекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и заштитата на животната срединa.