Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Приведен 15-годишник – во училиште тешко повредил врсник, МВР известува и за други инциденти со ученици

Петнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода вчера во 14.50 часот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода вчера во 14.50 часот од полицијци од СВР Скопје, кои постапиле по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека предметот е одземен и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

МВР во дневниот билтен информира и за други инциденти со ученици, по кои е постапувано. Основно училиште на подрачјето на општина Аеродром вчера во 11:06 часот во СВР Скопје пријавило дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит.

Реклама

За случајот попладнето пријавил и родител на ученик. Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

М.Д.(52) од Скопје вчера во 13 часот во СВР Скопје пријавил дека во петокот (8 мај) околу 12 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник. 

-Известени биле стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, наведува МВР во дневниот билтен. 

Министерството извести за уште еден инцидент со ученици – Н.А.(43) од Скопје во неделата (10 мај) во 22:40 часот во СВР Скопје пријавил дека  околу 19:15 часот во училишен двор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, која ја познавала. И за овој случај ќе следува  соодветен поднесок по целосно документирање.