Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Бугари во Устав, Бугари во Устав, Бугари во Устав- Филипче како слеп за стап, погласен дури и од Софија

Филипче како слеп за стап. И покрај тоа што две третини од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче како слеп за стап. И покрај тоа што две третини од македонскиот народ е против, тој упорно секојдневно врши притисок и бара Бугарите да влезат во Устав. Стана погласен и дури и од Софија. Многумина не можат да го разберат мотивот, зошто упорно оди против волјата на народот и ја води својата партија кон провалија. Според познавачите и повеќе од јасно е дека актуелниот шеф на Бихаќка одработува за своите претходници, а учи и оди по стапките на својот близок пријател Зоран Заев, во чие владеење беше променето името на државата, а беше потпишан и оној договор за добрососедство со Бугарија.

-Она што е во континуитет политика на СДСМ е дека она што ни е испорачано како барање од странство, во основа тие се спремни секогаш да го исполнат. Најчесто оправдувајќи го тоа дека во историски моменти се носат историски одлуки. Сите нивни одлуки се историски, видовме кај не однесоа нивните историски одлуки, до обезличување на нацијата и на државата. Вообичаено промените кои ни се случуваат и со името и со идентитетот извираат од внатре, иако се испорачани од надвор, изјави Јанкуловски.

Покрај тоа што е цврст дека мора да има уставни измени веднаш, Филипче има и скандалозни изјави, дека никаде не видел негирање на македонскиот идентитет од страна на Бугарија. Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски за Алфа вели ставовите на Филипче наликуваат, како да гледа нешто што никој друг во државата не го гледа.

Реклама

-Тоа е проблем на лидер на политичка партија, која сепак треба да се грижи за националните интереси. Она што сите Македонци го гледаат како проблем, тој не го доживува како проблем. Меѓутоа тоа е и карактеристика на партија на која претходниот лидер тврдеше дека не и личи патриотизмот. Можеби го чувствува пулсот на граѓаните, кој ние не го чувствуваме во моментов околу прашањето на односите со Бугарија и сето она што ние испорачано како услов за придвижување, односно за кревање на ветото, изјави Јанкуловски.

Инаку огромно мнозинство од македонските граѓани се против спроведување на уставните измени со моменталните услови. Во една од анкетите спроведена минатата година, дури 82 проценти кажаа дека се против внесување на Бугарите во Уставот, со моменталните уцени од официјална Софија.+

Матеја Петровски